Четврта европска куќа е отворена во Македонија. Овојпат тоа е Битола, поточно во култниот Офицерски дом со класична убавина. Europe House Битола со својот современ изглед ќе го дефинира новиот почеток на урбан простор за млади.
Во карактеристичен стил, четвртиот Еurope House се претстави како место на новата генерација – центар кој ќе промовира младешка креативност, нов prostor за инспиративни идеи, иновативни решенија, вмрежувања и културни случувања.

На 6 мај беше промовиран новиот простор со дебата со студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, а потоа активностите се преселија на Широк Сокак со изложба на тимот на Macedonian Festival for Alternative Photography – Zrno во „Магазата“, проследена со изложба на млади дизајнери во Музеј Битола.

Програмата беше комплетирана пред платото на Офицерски дом со извонреден музички избор сервиран од локалните битолски бендови – Corrosion, Heart on Sleeve, Bad Juju и Дина Јашари и другарите и диџеј-сет од Herzel во кафе „Јагода“.





