Виржини Сен-Мартен: Со Теона на секое наредно снимање одиме сè подалеку и сè подлабоко

Со Теона сме снимиле веќе 5 филма заедно и многу добро се познаваме. Уште кога го снимвме документарецот со Теона и некако постоеше најава дека ќе се сними ваков филм. Таа е режисерка која точно знае што сака од филмот и одлично соработуваме. Но, морам да потенцирам дека на секое следно снимање одиме се’ подалеку и се’ подлабоко, рече кинематограферката Виржини Сен-Мартeн, на вчерашната прес-конференција, по македонската премиера на филмот „Мајка“ на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Режисерката Теона Стругар Митевска образложи како во текот на соработката со Сен-Мартан постепено ги кршела правилата при снимањето. Посочи дека почнале со идејата за сценарио, па сценариото на кое потоа се вршеле доработки, но штом се почне со снимање, строго се држеле до напишаното.

Лабина Митевска која е продуцент на филмот рече дека е особено сака да работи со Теона, Виржини и Вук, бидејќи тие имаат огромна креативна сила.

-Кај нив се’ е подготвено со месеци и со години однапред за секој снимачки ден, се е прецизно испланирано и подготвено и крајниот резултат е секогаш едно прекрасно патување и јас сум пресреќна што работам со нив, рече Митевска.

Вук Митевски го сподели искуството од снимањето во Калкута во Индија.

-Прво баравме локации во Македонија и во Белгија и тоа беше огромен предизвик. Но, во Индија беше огромен предизвикот, бидејќи таму имавме тим од 200 луѓе. Тоа беше неверојатно искуство, снимавме на цветниот пазар на локации каде има огромно движење на луѓе. Но, беше прекрасно, ја обожувам Индија и ова е нешто што никогаш нема да го заборавам, рече Митевски.

Вчера беше промовирано и жирито на филмовите од официјалната селекција во компетиција за „Златната камера 300“: Денис Ленуар, претседател на жирито, Астрид Хојбрантнер, кинематограферка, Валерио Карузо, директор на веб-страницата „Синеуропа“, Асја Крсмановиќ е босанска сценаристка, драматургинка и истакната програмерка на филмски фестивали и Митко Панов, филмски режисер.

Тие посочија дека се среќни што се на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, бидејќи дел од нив слушале за фестивалот, доаѓаат прв пат, но чуле за него како за мит, за фестивал што постои некаде скриен, тешко е да се дојде до него, но сите што дошле на „Браќа Манаки“ се враќале со сјај во очите и зборувале за многу возбудено и со голем ентузијазам за фестивалот.

– Фестивалот е мошне инспиративен, љубопитни сме да ги погледнеме сте филмови од високо квалитетната програма, а најдобар дел е тоа што ова е фестивал посветен на кинематограферите каде можеме да се сретнеме со други колеги и да разговараме за нашиот занает, истакнаа членовите на жирито.

Сподели