На Францускиот институт во Скопје утре од 10 до 18 часот ќе се одржи виртуелен Саем за студии во Франција. Саемот е наменет за македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција или пак да остварат универзитетска соработка.
– Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот и за сите аспекти на студентскиот живот во Франција – велат организаторите.
За да го следат саемот заинтересираните треба да се регистрираат ТУКА.
Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“.





