Музејот во Кавадарци вчера се збогати за уште два ретки предмети. Станува збор за везена порака на манжетна од затворската кошула oд Голи Оток што припаѓала на истакнатиот револуционер Боро Ангеловски – Ваташки. Пораката ја пратил до синот Габер и сопругата Христина.
Боро Ангеловски бил роден во 1919 година во Ваташа и е еден од браќата на Димката Ангелов – Габерот и Наќо Ангеловски – Рочко. Манжетната е донесена и подарена од д-р Перо Пењушков од с. Ваташа на директорката на Музејот, кустос советник Весна Ѓорѓиева.

Оваа значајна реликвија е подарена од неговата ќерка д-р Олга Ангеловска, која живее во Пула, Хрватска, велат од Музејот во Кавадарци.





