„Ветерната приказна“ на „Гаврош“ – дел од изложбата во седиштето на ООН во Њујорк

Книгата „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска, илустрирана од Наташа Андонова („Гаврош“, 2022) ќе биде дел од меѓународната изложба Turning the Page on Change – Children’s Books Inspiring Action for the Global Goals, која ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Изложбата ќе се случи од 20 февруари до 13 март.

Изложбата е дел од програмата на Bologna Children’s Book Fair и ги претставува насловите селектирани од категоријата Sustainability на BolognaRagazzi Awards — книги од целиот свет што ги отвораат прашањата за иднината, природата и одговорноста што ја споделуваме.

Изданието беше дел од меѓународниот проект „Патиштата на хероите“, поддржан од програмата „Креативна Европа“.

Сподели