Венко Андоновски ја доби руската награда „Златен витез“ за драматургија

За книгата „Три пиеси за театарот“, писателот Венко Андоновски ја доби наградата за драматургиjа на 13. Меѓународен книжевен форум „Златен витез“ што се одржува во Русија. Оваа манифестација се одржува секоја година во октомври по повод годишнината од раѓањето на славниот руски поет Михаил Ј. Лермонтов.

Награди на Форумот се доделуваат за повеќе уметнички области, а годинава пристигнале 428 дела од 12 земји.

„Три пиеси за театарот“ ги содржи пиесите „Словенски ковчег”, „Олово на перницата” и „Граница”. Таа е објавена во Москва минатата година во издание на „У Никитских ворот“ е во превод на Олга Панкина, позната афирматорка на македонската литература на руски јазик. Панкина ја доби наградата на истиот фестивал за превод минатата година. Во 2017 година Ристо Никовски станал лауреат во номинацијата „Публицистика“, а во 2018 година Влада Урошевиќ ја освоил највисоката награда за поезија. И двете дела на наградените македонски автори биле во превод на Панкина.

Сподели