Велосипедска тура низ убавините на Демир Капија

Велосипедска тура низ убавините на Демир Капија ќе се одржи денеска, во организација на спортскиот клуб „Клисура“ и општината. Турата почнува во 10 часот од плоштадот во Демир Капија. Патеката е долга 20 километри, а трае околу два и пол часа. Завршува со посета на винарски визби во Демир Капија.

– Неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед. Можна е промена на текот на настаните или на патеката во случај на лоши временски услови – велат организаторите.

Сподели