Вечерна прошетка низ изложбата „Фрагментирани реалности“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски ќе биде организирана вечерва во 18 часот во Културно-информативниот центар во Скопје.
Присутните низ поставката ќе ги води кустосот, м-р Бојана Јанева, од иницијативата „Најново нормално“. Изложбата беше отворена пред една недела. Проектот е субјективна реакција и рефлексија на авторот на она што му (ни) се случува во ова проблематично и турбулентно време (и години наназад).
Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, историчар на уметноста. Повеќе за проектот на линкот.





