На платото пред Македонскиот народен театар вечерва во 20.30 часот ќе се одржи „Вечер на шлагери“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Концертот го организира Српскиот културно-информативен центар „Спона“, кој одбележува 20 години постоење. Диригент е Иван Еминовиќ, а водителка – Вера Јанковиќ.
Ќе настапат: Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов.





