Васко Здравков, Билјана Јосифов, Благој Нацоски… во „Севилскиот бербер“

Популарната опера буфа „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини ќе биде изведена вечерва во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет. Приказната за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина, ќе биде под диригентство на Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Васко Здравков, Билјана Јосифов, Благој Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Борко Биџовски.

Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росини изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

Сподели