УНИЦЕФ: Да работиме за подобро образование, физичко и ментално здравје на децата, на вакцинацијата

Да се подобри степенот на вакцинација, дебелината кај децата зема замав со што цели генерации се во ризик од проблеми со физичкото и менталното здравје во иднина, неопходни се инвестиции во образованието, ова се дел од препораките што УНИЦЕФ ги посочува, во чест на 30 години од потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето. Претставничката на светската организација во земјава, Патриција ди Џовани, во своето обраќање до јавноста истакна дека „поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот. Мора да се зголемат инвестициите за подобрување на квалитетот и опфатот на специјализирани услуги за здравјето на мајките и децата.

-За да се спречи смртноста што се должи на причини што може да се спречат, за да се зголеми свесноста за придобивките од вакцините и за да се обезбедат адекватни информации за антиваксерските движења, ни требаат програми што во својата работа се раководат со податоци и факти. Земјата треба да ги зајакне програмите за промоција на доењето и да организира кампањи за подигање на свеста за прашањата поврзани со исхраната и за добрите практики во исхраната – вели Ди Џовани и додава:

– Во текот на овие 30 години земјата направи исчекори во унапредувањето на правата на детето. Се подобрија законските и политичките рамки за да им се олесни пристапот на децата до нивните права. Помалку деца умираат на возраст од 0 до 5 години. Повеќе деца имаат пристап до основно и средно образование. Нема деца сместени во големи институции. Иако годинава треба да размислиме за напредокот што е постигнат за доброто на децата, ова е момент во кој треба да размислиме и за одговорноста што ја имаме како општество за да создадеме услови за секое дете во земјата да има подобро детство, фер шанса, подобра иднина и можност да го постигне својот целосен потенцијал. Не можеме да гледаме кон иднината, а да не го земеме предвид уназадувањето по пандемијата со ковид-19, енергетската криза и високите трошоци за живот, како и климатската криза. Понатаму, не можеме да гледаме напред без да прифатиме дека светот во кој живееме постојано се менува и е полн со неизвесност.

И покрај тоа што помалку деца умираат денес отколку пред 30 години, земјата сѐ уште има висока перинатална стапка на смртност во споредба со земјите-членки на ЕУ и членките на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа. Поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот.

-Мора да се зголемат инвестициите за подобрување на квалитетот и опфатот на специјализирани услуги за здравјето на мајките и децата. За да се спречи смртноста што се должи на причини што може да се спречат, за да се зголеми свесноста за придобивките од вакцините и за да се обезбедат адекватни информации за антиваксерските движења, ни требаат програми што во својата работа се раководат со податоци и факти. Земјата треба да ги зајакне програмите за промоција на доењето и да организира кампањи за подигање на свеста за прашањата поврзани со исхраната и за добрите практики во исхраната.Заложбите на земјата во заштита на најранливите граѓани и децата што се во ризик е репер за тоа колку ги исполнува обврските од Конвенцијата за правата на детето.  По многу години инвестирање во реформите за де-институционализација, земјата може да се гордее што успеа да постигне веќе да нема деца сместени во големи институции. Иако се потребни дополнителни заложби за да се спречи напуштањето на децата и за да се прошират услугите за згрижување, од суштинска важност за благосостојбата и развојот на децата е тие да растат во семејство полно љубов. Земјата треба да се гордее и со силната правна рамка за заштита на децата од насилство, злоупотреба и занемарување и обезбедување пристап до правда за сите деца.  Под итно се потребни инвестиции во човечките, техничките и финансиските ресурси за да се спроведат национални акциски планови поврзани со заштитата на децата и да се прошират услугите за заштита на децата. Има исто така итна потреба од зајакнување на програмите за обука за родителство и од популаризација на ненасилни воспитни стратегии земајќи предвид дека сѐ уште има голем број деца што се изложени на насилни методи на дисциплинирање во семејството – вели Ди Џовани.

Таа укажува и на кризата во учењето што во земјава постоела и пред ковид-19. Повеќе од половина ученици на 15-годишна возраст не ги задоволуваа основните нивоа на знаење по читање и математика.

-Сè уште не се познати ефектите од програмите за закрепнување од загубите во учењето за време на пандемијата. Исто така не е познато до која мера беа успешни заложбите на училиштата да ги опфатат децата кои се отпишале од училиште за време на пандемијата. Зголемен е бројот на деца што покажуваат знаци на анксиозност и страв и затоа е потребна поддршка на менталното здравје во училиштата. Понатаму, како резултат од демографските промени кои не беа придружени со соодветни прилагодувања на мрежата основни училишта, распределбата на ограничените ресурси во образованието стана неефикасна и нерамноправна. Оттаму, предуслов за да се подобри квалитетот и инклузивноста на образованието за сите деца е зголемување на јавното финансирање во образованието и инвестициите во образованието – вели Ди Џовани.

„Бидејќи живееме во период со повеќе кризи, не можеме да гледаме кон иднината,а  да не ја  земеме предвид климатската криза и нејзиното влијание врз децата денес и врз светот утре. Во споредба со возрасните, децата се поранливи на загадувањето на воздухот. Скопје и други градови во Северна Македонија честопати се наоѓаат меѓу најзагадените градови на светот. Мора да работиме заедно со децата и младите за да ги поддржиме заложбите за подобрување на образованието за животна средина и да ги поддржиме иницијативите на младите за справување со влошената животна средина и климатските промени – вели во извештајот.

Фото: УНИЦЕФ/Георгиев

Сподели