„Under 600″ е првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан (поддржан од British Council) кој од завчера се одржува во Скопје и ќе трае до утре. Се реализира под мотото „И покрај сè”.
Under 600 е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на потенцијалот на секторот за социо-економско влијание во овој регион.
Фестивалот ќе претстави вкупно 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската продукција. Преку оваа ревијална селекција, публиката има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар од регионот, како и со предизвиците со кои тој се соочува.
Ви ја споделуваме програмата за следните два дена:
САБОТА
12:00 Настан за вмрежување
The Dude specialty coffee
17:00 СРАМ — продукција: „Тииит Инк!”, Скопје, С. Македонија; монодрама на Ангела Стојановска
Котур кафе и филм
18:00 READY-MADE PLAY — продукција: „МИ филм и театар”, Скопје, С. Македонија; перформанс на Ивица Димитријевиќ
Улица Македонија
19:00 ДОБРИ ЛУЃЕ — продукција: Театар „Златен Елец”, Скопје, С. Македонија; режија: Тамара Стојаноска
Кино во железничка зграда
21:00 ЗАГАТКАТА НА РЕВОЛУЦИЈАТА — продукција: „ДАХ Театар”, Белград, Србија; режија: Дијана Милошевиќ
Факултет за драмски уметности – Скопје
НЕДЕЛА
12:00 Настан за вмрежување
The Dude specialty coffee
17:00 KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K — продукција: ИТИ Македонија; експериментален видео-театарски проект на Ивана Апостолова Баскар
Бар Гарсон
18:30 СМРТ ВО ДУБРОВНИК — продукција: „Празен простор”, Подгорица, Црна Гора; режија: Петар Пејаковиќ
Баскар Бар Гарсон
20:00 ОНЛИФЕНС — продукција: „Артопија”, Скопје, С. Македонија
The Dude specialty coffee
Фокус на млади уметници: Специјална програма која вклучува проследување на фестивалот од студенти од регионот и презентирање на две претстави, со цел поддршка на следните генерации театарски креатори.
„Under 600″ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора. Регионалниот карактер на фестивалот овозможува создавање на заедничка енергија и согледување на творечките сличности и различности во регионот.
Фестивалот ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар, создавајќи простор за слободно творештво и уметничко влијание.





