Умно.мк и „Модерно Скопје“, бренд за сувенири и подароци со современ дизајн, создаден за да ја раскаже и доближи модерната историја на Скопје и неговите обележја почнуваат тесна соработка чија цел е да промовираме потврдени културни вредности. Водени од идејата дека заедно сме посилни, започнуваме заедничко патување, заемна промоција на производите на Умно (честитки, магнети) и на „Модерно Скопје“ (постери, магнети, картички).
На Умно.мк ќе се запознаете со модерната историја на Скопје и ќе имате можност да поддржите две локални иницијативи што работат на вреднувањето на културното наследство и културата воопшто. На веб-продавницата на Модерно Скопје, освен од производите на „Модерно Скопје“ ќе можете да купите УМНО-производи, а со тоа ги помагате и двете независни платформи
На Умно.мк ќе ги читате приказните кои стојат зад идејата на „Модерно Скопје“, а на интернет-страницата на Модерно Скопје, освен од производите на „Модерно Скопје“ ќе можете да купите УМНО-производи, а со тоа ги помагате и двете независни платформи. Процесот на нарачки е едноставен – ќе добиете код со кој ќе може да направите нарачка. За тоа ви подготвивме и видео (ЛИНК)
Двете независни платформи се здружија за заемна поддршка. Со внесување на кодот UMNO при купување на www.skopjemodern.com, 20 отсто од секоја нарачка се издвојува за финансирање на работата на порталот УМНО.
Дополнително, производите на УМНО ќе бидат достапни и преку веб-продавницата, при што целосниот износ од нивната продажба ќе му биде доделен на порталот.
Во меѓувреме, УМНО ќе објавува промотивни содржини кои ја раскажуваат модерната историја на Скопје и за важноста на архитектонските и културни обележја кои се инспирација за сувенирите на „Модерно Скопје“.
Соработката произлегува од заедничката свест дека локалната сцена може да опстане само преку вистинско вреднување на трудот во уметноста, културата, науката и образованието – области кои, и покрај нивната суштинска важност, често се занемарени.
– Оваа иницијатива за тимот на Умно.мк претставува голем поттик – дека тоа што го правиме вреди и остава белег во ова општество. Ние навистина веруваме дека заедно сме посилни и треба да се бориме за вистинските вредности. Заедно со „Модерно Скопје“ ќе се обидеме да допреме до поширока публика, да ја рашириме нашата приказна – велат од Умно.мк.
Финансиската поддршка за иницијативи кои се стремат кон истите вредности не е само трансакциски чин, туку заемен гест на доверба и мотивација. Вмрежувањето со луѓе и организации кои се исправени пред исти предизвици и се водат од исти вредности ја зголемува можноста за вистински, одржлив успех, вели Бојана Стојменовска, основач на „Модерно Скопје“.
– Искуството ми потврди дека постои потреба и побарувачка од поширок избор на производи кои нудат современ пристап кон брендирањето на Скопје и неговата понова историја. Соработките во проекти поврзани со развојот на архитектурата и уметноста во Скопје ме уверија дека Скопје е навистина град чии темели се поставени на солидарноста. Верувам дека зачувувањето и пренесувањето на оваа вредност е наша заедничка обврска, а формата и медиумот преку кој придонесуваме кон тоа не е ограничена. Оттаму потекна и идејата за соработка помеѓу порталот Умно.мк и „Модерно Скопје“ – вели таа.
Првата колекција на „Модерно Скопје“ е посветена на култни објекти создадени од македонски и странски архитекти кои учествувале во обновата на Скопје по земјотресот, поставувајќи го темелот на неговото модерно градителско наследство. Промовирањето на нивните дела е начин не само да се валоризира културното наследство на Скопје, туку и да се поттикне љубопитност за тоа како денес можеме да создадеме ново наследство кое ќе трае, објаснува Стојменовска.
Дизајнот на производите е резултат на соработка со македонски архитекти и графички дизајнери, а продажната мрежа вклучува музеи, издавачи, концептуални и специјализирани (е-) продавници, угостители, туристички водичи и хотели.
– Се надевам дека оваа заедница ќе продолжи да расте, а со неа и љубопитноста за едно поинакво, современо Скопје – вели Стојменовска.
Со секоја нарачка на „Модерно Скопје“ со код UMNO, ја поддржуваш мрежата на локални автори и професионалци кои посветено работат за да го сочуваат културното наследство на градот. Негувањето на овие вредности е заедничка одговорност — придружи ни се!
Подари вредност. Поддржи промена.
Подари дизајн. Поддржи заедница.





