За љубовта кон филмот, за предизвикот да се биде режисер на документарни истражувачки филмови, но и за убавите влијанија на наставници, режисери, уметници зборуваме во шестата, последна епизода од првиот циклус од „Умен поткаст“ со режисерот Трифун Ситниковски. Премиерата е вечерва во 19 часот на јутјуб-каналот 101 Podcast Studio. Десетина кратки филмови тој веќе ги снимил, се разбира дека сонува и за долгометражен филм, но знае дека патот не е едноставен. Во последните години тој дава посебен шмек на истражувачките документарци во продукција на „Истражувачката репортерска лабораторија“ – ИРЛ.
Проследете ја целата епизода.





