Кога често го слушавме терминот „Новото нормално“, таа си ја нарече својата мисија „Најново нормално“. Целта ѝ беше да ги навикне луѓето на викенди да одат на изложби. И успеа во тоа.
Гостинка во #9 епизода на „Умен поткаст“ е Бојана Јанева, историчарка на уметност, кустос во Одделот за едукација и музејско водење при Музејот на современата уметност во Скопје.
Со неа опфаќаме многу теми, во какви услови ја почна иницијативата „Најново нормално“, како на кураторските прошетки низ МСУ почнаа редовно да доаѓаат поединци, парови, но и цели семејства, какво е значењето на МСУ не само за Македонија, туку за целиот регион, како се живее од плата на историчар на уметност.
Премиерата е вечерва во 19 часот на Јутјуб каналот 101PodkastStudio. Заследете ја страницата (кликнете subscribe) за да го поддржите овој проект на тимот на Умно.мк и 101PodkastStudio. Ви благодариме.





