„Умен поткаст“, епизода #19: Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“

Во првата епизода за 2026 година на  „Умен поткаст“ наша гостинка е Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Со неа разговараме за значењето на овој фестивал, за спремањето на 60. издание, но и за театарот, воопшто. Стојаноска е интересен соговорник на многу теми, театарот е нејзина голема љубов, а токму фестивалот „Војдан Чернодрински“ и прилепскиот театар биле главните „виновници“ за тоа. Авторка на романи, драми, поезија, за Ана Стојаноска нема ден без напишан збор.

Проследете го целиот поткаст на јутјуб-каналот на 101 Podcast Studio.

Сподели