Џијан Емин е мултиинструменталист, аранжер, оркестратор, композитор. Постојано немирен во својот музички дух да истражува нови форми, нови изрази, соработувајќи со колеги музичари од земјава, но и по светот. Заедно со Националниот џез оркестар е дел од создавањето на вредна музичка приказна, што расте со секој нов концерт на националната институција.
Во новата епизода на „Умен поткаст“ со него разговараме за неговото весело детство со многу музика, за предизвиците на секој нов нареден проект, за животот на музичарите во земјава.





