„Умен поткаст“, епизода #13: Перо Арџанлиев, археолог

Гробницата откриена лани во селото Корошишта дава одговори на многу прашања поврзани со погребувањата во Требеништа кои повеќе од еден век се тајна за домашните и за светските археолози. Кои биле луѓето кои живееле во Охридско-струшкиот Регион во 6 век пред новата ера?

Одговор на ова и на многу други прашања дава д-р Перо Арџанлиев, кустос-советник во Археолошкиот музеј во Скопје и раководител на ископувањата во Корошишта. Арџанлиев е гостин во #13 епизода на „Умен поткаст“. Епизодата е снимена со поддршка од Министерството за култура и туризам во рамките на националната програма за култура. Премиерата е закажана вечерва во 19 часот на Јутјуб каналот 101PodcastStudio. Следете нè.

Сподели