Ученици создадоа робот, ајкула, маче, жаба, ракета… на екоработилницата Trash to art

ЕКО ЛАБ и фестивалот „Џифони Македонија“ викендов организираа екоработилница Trash to Art што се одржа во просториите на фестивалот. Работилницата беше отворена за сите ученици кои се грижат за животната средина и со рециклирање на отпадот сакаат да создадат нови дела или предмети со нова употребна вредност.

На првиот ден од работилницата, средношколците се истакнаа со својата креативност и добро се забавуваа. Се користеше пластичен отпад од пакувања, како најголем загадувач на човековата средина.
Заклучокот е дека треба да се одбие користењето на пластика, да се намали употребата на пластика, повторно да се употреби веќе купената пластика, да се пренамени и да ù се најде нова употреба на пластиката.

Организаторите велат дека на вториот ден од работилницата со ученици од основните училишта се случила експлозија на креативноста. Отпадот од хартија и пластични шишиња беше трансформиран во робот, ајкула, маче, куче, жаба, ракета…

Сподели