Ретроспективната изложба „50 години творештво“ на Анѓел Димовски-Чауш ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Ќе биде претставен богатиот творечки опус уметникот кој повеќе децении живее и работи во Македонија и во Франција.
Неговите дела творени во изминатите педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.
Куратор на изложбата е Љупчо Маленков, а соработник куратор е Горанчо Ѓорѓивески, кустос во Националната галерија. Поставката ќе биде отворена за јавноста до 20 февруари. Повеќе информации на линкот.





