Трибина на тема „Мирисот на оловото“ ќе се одржи денеска во 10 часот во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Панелисити се поранешни и сегашни новинари и публицисти, уредници: Веле Митаноски, Владо Жура, Елида Битрак и Горан Момироски од Регионалната канцеларија на Здружението на новинарите на Македонија.
Организиаторите објаснуваат дека до почетокот на деведесеттите години во Охрид во рамките на Радио Охрид – Центар за печат и радио излегувал месечникот „Езерски глас“, но весници излегувале или се печателе во рамките на големите претпријатија и фабрики: „Отекс“, ЕМО, „Застава ХТД“, ГП „Трудбеник“ и други.
– Нивното златно време беше од почетокот на седумдесеттите до крајот на осумдесеттите. Гледано од денешен аспект тие беа и се огледало на времето, вистинска историска хроника на еден град, на еден живот, на едни генерации – велат организаторите.
Библиотеката ги покани сите поранешни новинари и соработници, кои имаат допирна точка со „Езерски глас“ и другите поранешни фабрички весници или, едноставно, биле нивни читатели да дојдат да учествуваат со своја дискусија или само да го проследат настанот.





