Румена Бужаровска е новото големо име што се вброи меѓу одличните домашни автори чии книги се во издание на ТРИ. Ценета и преведена на петнаесет светски јазици – Бужаровска има големо влијание врз развојот на македонската проза. Од ТРИ ги најавуваат трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Новите изданија ќе бидат претставени на Саемот на книгата, што ќе се одржи во спортската сала „Борис Трајковски“, од 4 до 10 мај.
Бужаровска не само што е актуелна меѓу нив туку и дека нејзината проза е длабоко вкоренета во македонската книжевност. Таа доживеа и голем светски успех – во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа во рамките на платформата „Литерари Јуроп лајв“ (Literary Europe Live), добитничка е на годишната награда за литература на Истра, Хрватска, „Едо Будиша“, во 2022 „Мојот маж“ беше преведена на француски јазик и издадена кај еден од најголемите и најпознатите светски издавачи „Галимар“, а за истата книга преводот на германски јазик беше книга на неделата во Германија на угледниот неделник „Шпигел“.





