„Приказната за Силјан” на Тамара Котевска е номиниран во три категории за најпрестижните награди во документаристика – Интернационални награди за документарци – ИДА. Филмот очекувано се наоѓа на листите за најдобар долгометражен документарец, за најдобра режија и кинематографија.
-Ние сме посветени на визијата за свет во кој креаторите на документарни филмови напредуваат. Преку нашата работа, ги поврзуваме публиките со најдобрите остварувања од овој жанр, обезбедуваме ресурси, создававме заедница и ги штитиме правата и слободите на документарните уметници, активисти и новинари ширум светот. Ја извршуваме оваа работа бидејќи веруваме дека документарните филмови ја збогатуваат и продлабочуваат нашата култура, поттикнувајќи поинформиран и поврзан свет. Веќе 40 години, IDA го поддржува создавањето на нефикциски филмови и нивните автори преку нашите главни програмски активности – велат од ИДА.
Филмот „Приказната за Силјан“ е во продукција на Тамара Котевска, Жан Дакар, Ана Хашми и Јорданчо Петковски. Покрај режија и најдобар филм, филмот се издвојува и со силно визуелно решение. Кинематограферот Жан Дакар е номиниран во категоријата Најдобра камера, што на филмот му носи уште едно значајно меѓународно признание.
Номинациите биле избрани од над 550 пријавени филмови од 85 држави, што ја прави конкуренцијата најсилна досега. Наместо класични потесни избори, жирито оваа година доделува директни номинации, како и „специјални признанија“. Со по три номинации се и: американскиот „Апокалипса во тропските предели“ (Apocalypse in the Tropics), кој има четири номинации, додека „Живот после тоа“ (Life after) и „Семки“ (Seeds) и „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan).
Врачувањето на наградите ИДА ќе се одржи на 6 декември во Лос Анџелeс.





