Три награди за „Диџеј Ахмет“ на 31. Сараевски филмски фестивал

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски ја доби наградата „Перспективи на младите“ (Youth Perspectives), на 31. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Дебитантскиот долгометражен филм на Унковски ја доби и наградата на порталот Cineuropa, веб-страница посветена на европската кинематографија и филмските професионалци и „се доделува на филм кој, покрај неспорните уметнички квалитети, ја промовира идејата за европски дијалог и интеграција.“ Вредноста на оваа награда изнесува 5.000 евра.

„Диџеј Ахмет“ е копродукција на Македонија, Чешка, Србија и Хрватска. Наградата изнесува 7.500 евра, а ја финансира Советот на Европа.

Специјалната награда „Перспективи на младите“ се доделува на филм за младите кои ја преиспитуваат својата заедница и традиција – ведра и хумористична, но во исто време трогателна приказна, збогатена со шармантни и живописни изведби на младите актери и шарена кинематографија, за која веруваме дека има потенцијал да допре до публиката, особено младата, ширум светот. За тоа што им дава глас на младите од мала заедница, наградата им се доделува на продуцентите и режисерот на филмот „Диџеј Ахмет“, вели жирито.

За оваа награда одлучи жирито: Ања Јокиќ, стручњак за младински политики, Србија), Ерендира Нуњез Лариос (продуцентка, Мексико) и Милан Стојановиќ (продуцент, Србија).

„Диџеј Ахмет“ ја доби и UniCredit наградата од публиката за најдобар игран филм.

Филмот „Ветру, зборувај со мене“ на режисерот Стефан Ѓорѓевиќ ја освои наградата „Срцето на Сараево“
Режисерот на нашиот најдобар филм со храброст и љубопитност ѝ пристапува на длабоко лична тема, а во соработка со своите соработници ги испреплетува елементите на фикција и документарен израз во филм на маѓепсувачка меланхолија и суптилна убавина, стои во образложението на жирито.

Наградата за најдобра режија ја доби Ивана Младеновиќ, за филмот Sorella di Clausura (Романија, Србија, Италија, Шпанија).
Наградата „Срце на Сараево“ за најдобра актерка ја доби ансамблот на филмот Fantasy – Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ. Овој филм е копродукција помеѓу Словенија и Македонија.

Сподели