Да им се даде втор дом на старите предмети е една од причините за сестрите Анастасија и Ивана да организираат „Маалски бувљак“ во скопската населба Железара. „Маалски бувљак“ по трет пат ќе се одржи денеска од 12 до 18 часот во „Комбо“ (Ул. „Коце Металец“ 1Ѓ, Железара, Скопје). Ќе најдете облека, плочи, книги, стари предмети кои ќе му дадат нова енергија на вашиот дом. Или накратко – на бувљак секогаш има за секого по нешто.

– Во дворот на „Комбо“ ќе бидат изложени работи кои ќе ви го привлечат вниманието. Можност да ја проширите вашата колекција на антиквитети, да се закитите со убав накит, да го облагородите вашиот sид со уметничко дело или додајте уште еден наслов во вашата библиотека – велат организаторите.
„Маалски бувљак“ го организираат „Комбо“ – Здружение за креативна одржливост и Europe House Скопје.
Насловна фотографија: Europe House Скопје





