„Беше еднаш на истокот“ (Once upon a time in the east) е насловот на изложбата од Томе Аџиевски која вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Куратор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.
Најновиот творечки циклус на Аџиевски претставува своевиден омаж на периодот на руската авангарда и нивната уметничка револуција – како реакција на општествената револуција. Овој исклучително важен период од развојот на уметноста на минатиот век и историјата на уметноста генерално, преку нео-авангардата, сеуште има реминисценции врз уметноста на современоста, т.е. уметноста која се создава денес, колку и навидум анахроно самата нео-авангарда да се перципира.
Повеќе информации на линкот.





