На Факултетот за електротехника и информациски технологии во скопската населба Карпоч утревечер во 18.30 часот „Менса Македонија“ ќе одржи тестирање на интелигенција. Поводот е одбележувањето на 26 години од основањето на организиацијата.
Тестирањето на општата интелигенција се организиара за прием на нови членови. Кандидатите треба да имаат имаат полни 16 години, да уплатат 600 денари на „Менса Македонија“ (сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка, цел на дознака: Тестирање) и да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање. Од претходното тестирање треба да се поминати најмалку шест месеци и претходно да не се тестирале повеќе од два пати.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица. Сите крводарители, ученици и студенти имаат 50 отсто попуст, односно треба да уплатат 300 денари. Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International. Резултатите се тајни.
Сите заинтересирани може да се пријават на линкот.
Насловна фотографија: Менса Македонија





