Текстови од Горан Стефановски објавени во Литературниот лексикон „Киндлер“

Текстови на Горан Стефановски се објавени во Литературниот лексикон „Киндлер“, објави Македонската академија на науките и уметностите.

Литературна енциклопедија „Киндлер“ (Das Kindler Literatur Lexikon) е енциклопедија издадена во Германија која објавува дела од светската литература. Прво издание е објавено во седум тома од 1965 до 1972 година. Второто и трето издание се издадени од 1988 до 1992 година (20 тома) и во 2009 година (18 тома). Во 1999 година беше објавена верзија на цеде ром.

За првото издание издавачот Хелмут Киндлер почна да преведува статии од италијанската енциклопедија Dizionario Letterario Bompiani. Дополнително, Киндлер ангажирал тим да пишува самостојни написи.

Сподели