На вториот ден на фестивалот „Стрип трип“ денеска ќе се организираат повеќе настани во Младинскиот културен центар во Скопје. На пладне пред платото на МКЦ ќе биде организирана стрип берза. Од 12 до 14 часот во Детскиот креативен центар ќе се организира стрип работилница за млади стрип таленти „Креираме стрип херои” со Макстрипови: Здравко Гиров и Давор Драмиканин.
Во 13 часот следува презентација „Жељко Книвалд и македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“, на презентерот Александар Стеванов, а модератор ќе биде Ивица Дукоски.
Ви го споделуваме остатокот од програмата:
13:45 – 14:15 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА „Aegri Somnia 2″
презентер: Дарко Богданов модератор: Ивица Дукоски
14:30 – 15:00 – Горно Фоаје (Галерија 2)
ПРЕЗЕНТАЦИJА „Хибридни приказни:
визуелната и вербалната нарација во
илустрираните книги (и) за деца”
презентер: Ника Гавровска, модератор: Ивица Дукоски
15:00 – 16:00 Бифе МКЦ
Jam Session
Групно цртање со авторите, дружба и потпишување на изданија со гостите на Стрип Трип 2023
19:00 – Кино Фросина
Проекција на филм
“Dellamorte Dellamore” (1994),
16+ peж. Michele Soavi / 104’
влез слободен





