Стендап-турнејата на Бојан Велевски доби уште еден термин во Скопје

Актерот и стендап комичар Бојан Велевски најавува дополнителен датум за неговото финале во Скопје на турнејата „Све ли ја да мислам“, што е во тек низ цела Македонија. На веќе закажаниот и распродаден термин од 18 ноември во 20.30 часот во „Станица 26“,  сега е достапен и 19-ти.

Со својата турнеја „Све ли ја да мислам“, Велевски веќе насмеа неколку илјади луѓе. Картите за првиот настап во Скопје брзо се распродадоа.

– Искрено, воодушевен сум од реакциите на публиката, особено интересот за настанот во Скопје. Картите се продадоа во рекордно време, па заедно со мојот тим одлучивме за главниот град да објавиме уште еден датум – открива Велевски.

 

Сподели