Утре го заокружуваме месецот на штедење со настан организиран за дечињата во Градскиот парк, со богата програма и многу изненадувања што ќе трае во текот на целиот ден, a ќе започне во 13 часот – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје
Навиките стекнати од најмали нозе остануваат за цел живот и нè водат понатака низ животот во изградување на личноста, донесување одлуки и преземање одговорности. Затоа е многу важно преку финансиската писменост да ја подигнеме и свесноста за штедењето, за вредноста на парите, инвестирањето и за финансиското менаџирање кај децата, воопшто – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје. 31 Октомври е светски ден на штедењето. Во цел свет се одбележува со разновидни активности, а утре во Градскиот парк во Скопје во текот на целиот ден ќе биде шарено и богато со секогаш интересниот Халки за децата, со многу музика, со средба со идолите на Халки, серијал во кој наши таленти и надарени деца ги раскажуваат своите успеси.

Со Наумовска-Савеска разговаравме за тоа колку е важно штедењето да се учи од мали нозе.
Важноста да се штеди од мали нозе е тема за која треба да се зборува постојано, а месецот октомври особено, како месец кога се слави штедењето, поточно 31 октомври. Халкбанк секогаш се труди на автентичен начин да го одбележи овој ден. Како годинава ќе го одбележите?
– Бидејќи штедењето е навика која се учи токму од најраните години и е исто толку важна како останатите животни навики што се стекнуваат од најмали нозе, ние како банка постојано работиме на тоа да им ја доближиме на децата преку постојана комуникација. Но, во текот на месецот октомври и денот на штедењето, активностите и кампањите наменети за промоција на штедењето и финансиска писменост, се разбира ги правиме со поголем интензитет. Оваа година се насочивме кон кампањи кои ја промовираат нашата понуда на одлични услови за штедење, но и кон реализација на низа настани и активности наменети за деца во повеќе градови низ Македонија. Тука нашата цел беше низ игра, уметност, забава и дружба да ги запознаеме дечињата со основните финансиски поими и да им помогнеме да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење.
Преку креативните работилници кои ги организираме веќе неколку години сфативме дека преку уметноста, пишаниот збор и играта, најдобро успеваме да пренесеме порака до децата.

Маја Наумовска-Савеска
Овогодишниот карван на Халки веќе ги помина градовите Гевгелија, Битола и Куманово каде стотици ученици од основни училишта имаа прилика заедно со Халки да се запознаат со финансиските поими, кои колку и да звучат сериозно, беа пренесени на симпатичен и прилагоден начин за нивната возраст. Со овој карван покрај кревањето на свеста за финансиската писменост и штедењето, сакавме да ги научиме децата и на различностите, на развојот на креативноста, вредноста на другарството и детската игра. Секое дете да ужива во играта, да развива самодоверба и да ја прими најважната порака дека среќата е во малите чекори.
Утре го заокружуваме месецот на штедење со настан организиран за дечињата во Градскиот парк, со богата програма и многу изненадувања што ќе трае во текот на целиот ден.
Зошто е важно од мали нозе децата да учат да ја стекнат финансиската писменост? Им помагаме ли на тој начин да станат финансиски поодговорни возрасни луѓе?
– Навиките стекнати од најмали нозе остануваат за цел живот и нè водат понатака низ животот во изградување на личноста, донесување одлуки и преземање одговорности. Затоа е многу важно преку финансиската писменост да им ја подигнеме и свесноста за штедењето, за вредноста на парите, инвестирањето и за финансиското менаџирање воопшто. Несомнено дека сите позитивни навики, вклучувајќи ја и навиката за штедење ќе им помогнат да станат општествено и финансиски одговорни луѓе кои ќе креираат позитивна иднина.

Неодамна објавивте нов буквар за деца за економска писменост. Идејата е на интересен начин да им се доближи темата од најмали. Кој се работеше на реализацијата на оваа идеја и како планирате да го доближите букварот до повеќе деца?
-„Букварот на Халки“ е наше најново издание наменето за децата. Станува збор за навистина интересно и креативно решение во кое се дефинирани бројни финансиски поими низ слики, многу бои и забавни содржини. Овој буквар го направивме во рамките на платформата Халки, на која работиме заедно со „Ефектива“ како креативна агенција со која ги креираме и реализираме сите кампањи, изданија, комуникации, настани и активности за децата.

Ликот Халки во последните години им стана омилен на децата. Тие го препознаваат, учествуваат на работилници и настани на кои се појавува нивниот лик.
– Конекцијата е заемна, и на слончето Халки, идоли му се децата. Халки со својата препознатлива појава успева да им го задржи вниманието на дечињата. Постојано е присутен во сите општествено-одговорни проекти и едукативни работилници и низ неговите приказни децата учат важни теми за штедењето, животната средина, еднаквоста, читањето, пишувањето… Од година в година, ликот и платформата на Халки расте и се развива. А со тоа и неговото позитивно влијание врз неговата детска дружина, за што сме особено горди и среќни, се разбира.





