Лука Хаџи-Јорданов освои сребрен, а Марија Стојковска – бронзен медал на 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023), што се одржа во Струга. Двајцата се студенти во втора година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а беа дел од македонскиот тим заедно со: Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска, студенти во прва година на Институтот за математика. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик водач Никола Велов.

Оваа олимпијада се одржа од 7 до 12 март во Струга, во организација на Сојузот на математичари на Македонија, ПМФ и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE).





