Во просториите на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро во Скопје денеска во 17 часот ќе бидат изведени перформанси што произлегоа од неколку уметнички акции. Овие перформанси произлегоа од процесот на размена и надоградба на знаењата и вештините во областа на партиципативниот театар и ќе бидат изведени за поширока публика.
Во рамки на новиот проект Arts Hub на КСП Центар-Јадро беше реализиравме 6-дневна интензивна работилница за применет и партиципативен театар.
На работилницата учествуваа креативци од различни профили: терапевти, професионални актери, психолози, социјални работници, танчери и учители по танц, готвач, студенти итн. Избраните 12 учесници, под водство на искусните ментори – Јелена Вуксановиќ (писателка и сценаристка и театарски едукатор од Белград, Србија), Алесандро Ола (композитор и sound-artist, професор по композиција, електронска музика и звучен пејзаж, изведувачки уметник од Барселона, Шпанија) и Демир Мекиќ (социолог, форум-театар џокер и тренер од Белград, Србија), за време на работилницата кратки, експериментални форми на социјално ангажирани перформативни уметнички акции.
Целта на проектот беше да се организира на една ваква работилницата беше да поттикнеме еден креативен процес кај учесниците, кој вклучува потрага по наратив значаен за овдешниот социо-политички контекст и со користење на техниките на театарот на угнетените, учесниците да добијат прилика да го испробуваат алтернативниот непосреден простор како театарски простор, да креираат мултимедијален сценски текст, по што ќе бидат спремни да создаваат своја ангажирана форма на театар.
Работилницата за применет и партиципативен театар е дел од проектот Arts Hub на Центар-Јадро, кој се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество-Македонија.





