Со „Таленти во движење“ почнува „Танц фест“

Претставата „Таленти во движење“ на танцовата компанија „Кодартс“ од Ротердам вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе биде отворено 19. издание на фестивалот „Танц фест“. Под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“ ќе бидат претставени 19 кореографи од земјава, Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Грција, Словачка, Романија, Шпанија и од Кина. Отворањето на фестивалот е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија, а ќе биде во чест на 30 години дипломатски односи меѓу двете земји.

„Таленти во движење“ е претстава која ја отсликува извонредноста и врвниот танцов потенцијал на „Кодартс“ танцовата компанија, која е производ на соработката на „Кодартс“ универзитетот и Holland Dance Festival, еден од најзначајните светски танцови фестивали. Оваа соработка започнува во 2009 година и се развива во несекојдневна авантура во танцот, со експлозивна и заразна енергија на извонредни млади таленти.

Повеќе за вечерашната програма на линкот.

Сподели