Со „Маалски бувљак“ во Железара „Комбо“ слави една година

Со „Маалски бувљак“ што ќе се одржи денеска меѓу зградите во скопската населба Железара од 12 до 16 часот, во соработка Здружението за креативна одржливост „Комбо“ ќе го прослави својот прв роденден.

– Дојдете заедно да јадеме торта, да слушнеме добра музика, да се подновиме со нешто ново или да се ослободиме од нешто старо и да го прославиме нашиот прв роденден – велат сестрите Анастасија и Ивана.

Пријавувањето за продавање стари предмети е веќе затворено, но можете да го посетите бувљакот и да си купите нешто што ви треба.

Локација: Ул. „Коце Металец“ 1Ѓ, Железара.

Сподели