Со концерт на дуо Гелебешеви вечерва започнува Класика меѓународен фестивал во Струмица

Со концерт на пијано дуото „Гелебешеви“, вечерва во 20 часот во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе биде отворен фестивалот Класика меѓународен фестивал – Струмица. Поздравна реч ќе имаат Васил Атанасов, основач на фестивалот и Костадин Костадинов, градоначалник на град Струмица.

Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев ќе изведат дела од Фон Супе, Вагнер, Росини, Рахманинов.

Во сферата на камерното музицираье, пијано – дуото „Гелебешеви” од почетокот на свјата работа во 2001 година, се наметнува како ансамбл со исклучително високо профилиран квалитет во уметничката изведба, што гради успешна
концертна кариера во Македониа и на бројни интернационални подиуми ширум светот. Гелебешеви поседуваат богати и разнолики уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина, препознатливо на концертната сцена по уникатниот творечки перформанс, специфичен за изразито талентирани и врвно подготвени уметници што со своите инспиративни интерпретации умеат да го задржат вниманието и најпребирливата публика.

И оваа година, во еден од наjубавите месеци, повторно ќе уживаме во звуците на класичната музика, изведена од врвни уметници кои ни гостуваат на фестивалот. Со својата музичка магија, тие ќе го допрат ѕвезденото небо над Струмица, а нашата публика ќе има чест и задоволство да биде дел од тоа доживуванье. За ова издание, се потрудивме да поканиме извонредни уметници и камерни состави од различни земи и жанрови, со цел да jа збогатиме културната понуда и да jа привлечеме струмичката публика – вели Атанасов.

Сподели