Сојузот на математичари награди 21 ученик со бесплатно учество на Есенска математичка школа

Сојузот на математичари на Македонија награди 21 ученик со бесплатно учество на Есенската математичка школа 2021, што ќе се одржи во текот на октомври и ноември. Тоа се талентите по математика што биле тројца најдобро пласирани ученици во својата група на државните натпревари по математика за основно и средно обрзование. Школата е наменета за учениците од 4. до 9. одделение од основните училишта и за учениците од 1. до 4. година од средните училишта од целата држава. Раководителка на Школата е проф. д-р Ирена Стојковска од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките и стекнување нови знаења и вештини – велат од СММ.

Предавањата ќе се одржуваат во сабота, а наставата ќе се изведува онлјан. По завршување на школата ќе има завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
Повеќе информации за Есенската математичка школа 2021, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество на овој ЛИНК.

Ова се наградените ученици кои бесплатно ќе ја следат Школата:
1. Јаков Геговски VI одд. ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, Скопје
2. Андреј Тасиќ VI одд. OOУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје
3. Никола Стојковски VI одд. OOУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје
4. Петар Антиќ VII одд. ООУ „Љубен Лапе“, Скопје
5. Ања Јаковска VII одд. ООУ „Владо Тасевски“, Скопје
6. Матеја Чупаркоска VII одд. ООУ „Димката Ангелов Габерот“, Кавадарци
7. Леонид Тодороски VIII одд. ООУ „Григор Прличев“, Охрид
8. Нина Ламева VIII одд. ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје
9. Марко Серафимовски VIII одд. ООУ „Владо Тасевски“, Скопје
10. Алексиј Тасиќ IX одд. ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје
11. Стефан Ристовски IX одд. ООУ „Војдан Чернодрински“, Скопје
12. Стефани Санева IX одд. ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кочани
13. Јан Стојановски I год. ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
14. Никола Спировски I год. ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
15. Никола Цветаноски I год. ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
16. Дамјан Давков VIII одд. ООУ „Ванчо Прке“, Штип
17. Фљамур Лимани II год. ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
18. Мајкл Георгиевски II год. СОУ Гим. „Добри Даскалов“, Кавадарци
19. Бојан Димовски III год. СОУ „Коле Неделковски“, Велес
20. Јосиф Тренчовски III год. СОУ „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје
21. Димитар Џорлев III год. СОУ „Јане Сандански“, Струмица

За да ја прифатат учениците наградата треба само да се пријават за учество со пополнување на формата за учество која се наоѓа на страницата на Есенската математичка школа 2021.

Сподели