Фоторепортерот Слободан Ѓуриќ за фотографијата „Татко“ ја освои првата награда на конкурсот за највпечатливите новинарски фотографии што го објави Здружението на новинарите на Македонија. Втората награда ја освои Маја Јаневска-Илиева за фотографијата „Канадер црпи вода од Охридското Езеро за време на продолжениот празничен викенд“. Третата награда ја поделија Роберт Атанасовски за „Женски обичаи за Водици во Битуше – магија на верата и традицијата“ и Ѓорѓи Личовски за „Ловец на персиди“.

Слободан Ѓуриќ, Маја Јаневска-Илиева, Роберт Атанасовски и Ѓорѓи Личовски (од лево кон десно)
Наградите им беа врачени денеска во Музејот на град Скопје. Во присуство на повеќе колеги-фотографи, новинари, проучувачи и љубители на уметноста и средношколци од училиштето „Лазар Личеноски“ на врачувањето беше отворена и изложбата со пристигнатите фотографии на конкурсот. Изложбата е насловена „Слободата на медиумите низ фотографски објектив: моменти што зборуваат“ и деновиве е отворена во градскиот Музеј.

„Татко“ на Слободан Ѓуриќ

„Канадер црпи вода од Охридското Езеро за време на продолжениот празничен викенд“ на Маја Јанева-Илиевска

„Женски обичаи за Водици во Битуше – магија на верата и традицијата“ на Роберт Атанасовски

„Ловец на персиди“ од Ѓорѓи Личовски





