Слики од Емил Стаменов во „Ко-Ра“

Изложба на слики од Емил Стаменов е отворена во Ликовниот клуб „Ко-Ра“ во Скопје. Стаменков е еден од најстарите членови на клубот основан од македонскиот уметник Ѓоко Матевски. Стаменов се претставува со дела создадени лани, инспирирани од мотивите на старото Скопје, пејзажи, рурална и медитеранска архитектура, ентериери, мртва природа со музички инструменти.

Делата се одликуваат со наративност, непосредно отсликување на пределот кој го инспирира со својата автентичност, потрагата по внатрешна хармонија, дијалогот со природата, трагите од едно изминато време…

Изложбата е во рамките на програмата која го афирмира аматеризмот.

Сподели