„Скопје сити мол“ донираше 250.000 денари од три циклуси на театарски претстави во рамките на својот „Сити театар“ на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром
„Дневен центар – Доза среќа” од Скопје. Четвртиот циклус на хуманитарни претстави ќе започне на 26 февруари. Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко-драмски претстави, наменети
за деца од 3 до 10-годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации, проекции и друго, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и да биде составен дел од претставите.

– Го создадовме „Сити театар“ бидејќи од самото наше постоење како мол имавме имплементирано голем број театарски изведби. Воведената традицијата на негување на театарот во рамките на нашата институција прерасна во создавање на редовен театар – Сити театар, кој меѓу другото има и хуманитарен карактер.
Сите досегашни циклуси на претстави беа во целост распродадени, што е доволен показател за хуманата заложба на нашите посетители. Се обврзуваме секојдневно да се надградуваме и да бидеме во чекор со времето и реномето на нашиот мол, кој секогаш се труди да обезбеди максимални услови, добра организација и, пред се’, добра културна програма со посебен акцент кон најмладите.
Нашата интенција е и оваа година да овозможиме редовни културни манифестации преку Сити тетарот со иновативен концепт на дејствување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме исклучивно наменски средства кои ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели.
Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде „Од дете за дете, да подадеме рака, да
уживаме и другаруваме“, изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на „Скопје сити мол“.





