Под наслов „Сјаење“, ликовната уметница Јана Куновска ќе изложи дела во Музејот на град Скопје вечерва во 20 часот. За изложбата, Еуген Борковски вели дека се две серии кои се разликуваат по технолошкиот пристап кон дизајнот. Едната е работена со маслени бои на платно, а другата се дела со комбинирана технологија, каде мотивите се претставени со цртање со јаглен на картонска основа.
– Наративноста, присутна преку компонентите на секое дело, ја потврдуваат и насловите. Понекогаш наоѓаме вистински луѓе, а понекогаш препознаваме значајни ликови. На сите дела наоѓаме симболични детали кои го драматизираат дејството. Уметникот ја претставува состојбата на цивилизацијата преку серија портретни дела. Иако некои се стилизирани или генерализирани, дејството го нудат нивните движења, позиции и средината во која уметникот ги сместува – вели Борковски.





