„Безбедноста на децата на интернет и менталното здравје“ е во фокусот на конференцијата што ќе се одржи денеска во 10 часот во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Ќе бидат претставени наодите од работата на „Ало Бушавко – телефонот за деца и млади“ (070 390 632) при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ за 2024 година. Настанот ќе се пренесува во живо преку Фејсбук-страницата на „Меѓаши“ каде сите заинтересирани ќе може поставуваат прашања на говорниците.
Модератор е Елена Василева, психолог, операторка на „Ало Бушавко“. Презентација на извештајот и работата на „Ало Бушавко“ ќе има психологот Ангела Трајкоска. Драги Змијанац од „Меѓаши“ ќе ја претстави анализата на клучните проблеми од извештајот и произлезените препораки. Преглед на тековните проектни активности ќе даде Маја Велковска, координаторка на „Ало Бушавко“ и проектен менаџер. Потоа ќе бидат доделени благодарници за волонтерите на „Ало Бушавко“.





