„Со историјата и археологијата – од минатото до иднината“ е насловот на едукативните предавања што се одржуваат во Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Термините се секој ден во 18 часот до 13 февруари. Предавач е Синиша Малик, искусен истражувач и предавач, кој одржал предавања во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, како и во Виена, Минхен, Феникс и Париз.
Предавањата се наменети за сите генерации, а влезот е слободен.





