„Семос Едукација“ подари 10 стипендии и ги награди најуспешните студенти

„Семос Едукација“ подари 10 стипендии и додели 20 награди за најуспешните студенти од вкупно 15 академии, како и две награди за талент партнерите и општествено-одговорните компании. На свеченост беа доделени и 10 стипендии во вредност од 10.000 илјади евра за нова генерација студенти на Академиите, во рамки на годинашниот проект за општествено-одговорни практики „Година на дарување”.

Покрај тимот на „Семос Едукација“, на церемонијалната вечер присуствуваа неколку стотини студенти од 15-те академии и претставници од над 88 талент – партнери компании со кои соработуваат овие академии.

Наградите ги освоија најистакнатите студенти од генерацијата 2021/2022 година, кои ги завршија академиите: Microsoft Data Science Институт, JavaScript Академија (акредитирана од МОН), Академија за човечки ресурси (акредитирана од МОН), Академија за Внатрешен (дизајн акредитирана од МОН). Помеѓу наградените има и студенти од Академијата за графички дизајн, акредитирана од МОН-специјалистичко образование, Академии за веб дизајн, UX/UI дизајн, Game Development, вештачка интелигенција, човечки ресурси во IT сектор, дигитален маркетинг, индустриски дизајн, софтвер тестинг, и ИТ Академија за средношколци.

Две награди отидоа и во рацете на талент партнер компаниите, од кои, една за најактивно учество во академиите JavaScript и Automation Software Tester, за „IT Labs“ и награда за најдобар партнер на проекти од општествено одговорни практики за „ЈП Лајка“, Скопје. Модератор и домаќин на настанот беше новинарката Миланка Рашиќ.

Со поздравен говор до присутните се обрати сопственичката и генерална директорка на „Семос Едукација“, Валентина Тасева.

– Изборот за кариера е еден од најважните избори зa секој човек, избор кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш ќе ве доведат до посакуваната цел. Вие го направивте вистинскиот избор – истакна Тасева.

Изненадување на вечерта, беше актерското дуо Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои настапија со стендап. На настанот беше промовирана и новата веб страница, посветена само на Академиите Akademii.semosedu.com.

„Семос Едукација“ повеќе од 27 години споделува знаење и досега успеа да креира успешни приказни за над 120.000 слушатели. Промени многу животи и над се, придонесе за развој на дигиталната писменост на многу генерации. Како прв ИТ едукативен центар во државава, воспостави нова димензија во дигиталната писменост. Инспириран од подемот на најактуелните и најбрзо растечки професии на иднината, со над 50 сертифицирани предавачи, 400 ИТ курсеви и 15 Академии, со доквалификација, преквалификација и квалитетна едукација направи кариерни трансформации, кај многу луѓе, кои денес се професионалци во големи компании, сопственици на свои бизниси, успешни индивидуалци, а некои од нив и со светска кариера. Опфати повеќе од 24 земји и успеа да ја стави Македонија на мапата на земји со квалитетен ИТ кадар кој високо котира и во меѓународните компании.

Сподели