Уште денес е активна акцијата во која сите дела на големиот бугарски писател Георги Господинов се со намалени цени во книжарницата „Или-Или“ во Скопје. Седум наслови од еден од најзначајните писатели од регионот се достапни и онлајн.
-Ова е одлична можност за оние кои ги сакаат приказните на Георги да ја комплетираат домашната библиотека со неговите книги, а за оние, пак, кои сѐ уште не се сретнале со неговата проза, ова е повеќе од одлична можност да нурнат во еден возбудлив книжевен свет – велат од книжарницата.
Господинов неодамна ја добри престижната награда „Интернационален Букер“ за романот „Засолниште во времето“ во превод на Анџела Родел, откако претходно се прослави со „Физика на тагата“ кој е преведен на многу светски јазици. Приказната започна со исто така наградуваното деби „Природен роман“, а тука се и неговите збирки со раскази „И сѐ стана месечина“, „Сите наши тела“ и „И други приказни“. Во книжарницата „Или-Или“ ја има и сликовницата „Свадби на животни и нешта“, која Господинов ја направи со неговата 6-годишна ќерка Раја.





