„Самотија во шумата“ на Јиржи Менцел во Кинотека

Чешкиот филм „Самотија во шумата“ во режија на Јиржи Менцел, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во Кинотеката. Филмот е од 1976 година и е дел од ретроспективната програма посветена на творештвото на големиот чешки режисер. Улогите ги толкуваат: Јосеф Кемр, Зденек Сверак, Даниела Коларова.

Филмската приказна „Самотија во шумата“ е многу едноставна – едно чешко градско семејство од 1970-тите оди на село, на краток одмор. Но, по престојот тие ќе сакаат и да ја купат викендицата во која престојуваа – од сопственичката, старицата Комарек, која воопшто не е расположена за тоа. Оваа брилијантна комедија на Менцел е дефинитивно еден од оние филмови кои во голема мера се потпираат на разбирањето на гледачот за поширокиот културен контекст– но, филмот е интересен не само благодарение на одличните хумористични дијалози и интеракцијата помеѓу ликовите, туку и поради едноставната комична филмска приказна.

Сподели