Салман Ружди на респиратор, откако беше прободен при настап во Њујорк

Писателот Салман Ружди синоќа беше прободен неколку пати при настап во Њујорк и е ставен на респиратор. „Веста не е добра“, вели неговиот агент Ендрју Вајли. 75-годишниот автор може да го изгуби едното око, оштетени му се нервите на раката, а повреден му е и црниот дроб.

Ружди со години трпи смртни од Исламисти откако го напиша романот „Сатански стихови“, издаден во 1988 година, поради обвиненија дека пишува богохулење против исламот. Тој доби и фатва од ајатолахот Рухолах Хомеини, лидерот на Иран во 1989 година, а таа, според исламскиот свет, етички и никогаш не била тргната.

Полицијата го притвори Хади Мата (24), осомничен од Фервју, Њу Џерзи. Њујоркшката полиција вели дека осомничениот истрчал на сцена и го нападнал Ружди и новинарот Хенри Ризи во Chautauqua институтот во западен Њујорк, пишува Би-би-си.

Ниеден мотив не е потврден од полцијата. Публиката и членови на организаторите истрчале да го пресретнат напаѓачот и го турнале на земја, по што бил уапсен.

Ризи има мала повреда на главата. Тој е ко-основач на непрофитна организација што обезбедува прибежиште на писатели што бараат егзил под закана за прогонство. Тој беше одведен во болница во Ири, Пенсилванија со хеликоптер.

Книжевникот роден во Индија стана славен со романот „Децата на полноќта“ од 1981 година кој само во Британија е продаден во милион примероци. Животот дефинитивно му го смени четвртата книга „Сатански стихови“ – роман предизвика гнев на исламскиот свет кој го смета за ерес. Поради тоа писателот со децении беше под полициска заштита. Неколку десетици луѓе се убиени поради таа книга, меѓу нив и нејзини преведувачи. Ружди има британско и американско државјанство, голем заговорник е слободата на изразувањето и во повеќе наврати го бранеше своето дело.

Книжевните настани на кои учествува Ружди добиваат закани или се бојкотирани од муслиманите. Ружди, син на богат индиски муслимански претприемач, се школувал во Англија и дипломирал историја на Кембриџ. По студиите се вработил како пишувач на реклами во маркетиншката индустрија, пред да го објави првиот роман во 1975.

 

 

 

 

Сподели