Саем за образование 2025 – најважниот едукативен настан викендов во Скопје сити мол

Матуранти и за студенти можат да учествуваат на Саемот за образование што ќе се одржи денеска и утре во Скопје сити мол и ќе претставува уникатна можност за да се информираат за своите академски и кариерни можности. Настанот е во организација на Скопје сити мол и „Студентарија“ најголемата дигитална студентска платформа и заедница во Македонија, а е поддржан од Шпаркасе банка.

Саемот ќе го поздрават и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска и основачот на „Студентарија“ и организатор на Саемот, Гоше Николов. Тие ќе се обратат на вториот кат, пред просториите на „Синеплекс“.

На Саемот ќе учествуваат државни и приватни универзитети со над 90 факултети, академии за дигитални вештини и продажба, но и компании и организации за млади. Учесниците преку презентации, интерактивни работилници, панел-дискусии и експериментални шоуа ќе ги доближат до младите најновите едукативни и професионални можности.
Посетителите ќе можат да добијат информации за стипендии, академски програми, уписни рокови, студентски поволности, како и совети за градење успешна кариера.

Ќе бидат организирани презентации на универзитети и академии, кариерно советување, работилница за ментално здравје со психолог, презентација на можности за стипендии и Еразмус+ програми, панел-дискусии со експерти на академски и кариерни теми, вмрежување со претставници од образовниот и од бизнис-секторот.

Саемот за образование 2025 е единствена можност за средношколците и за идните студенти на едно место да се сретнат со претставници на десетици факултети и универзитети, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта што ќе ја одредат нивната иднина.

Настанот има цел да им ги обезбеди на матурантите потребните информации и ресурси, со цел да донесат информирани одлуки за нивното идно образование и кариера, додека актуелните студенти ќе имаат можност да истражуваат практики, дополнителни обуки и професионален развој, поврзувајќи се директно со универзитетите, компаниите и експертите од различни области.

Дел од саемот ќе биде и Родителското катче, кое има цел да им обезбеди на родителите и на старателите значајни информации, стратегии и поддршка за тоа како да им помогнат на сопствените деца полесно да ја поминат оваа клучна фаза од своите животи.

Сподели