Им се заблагодарувам на моето грозно детство и на Академијата, по тој редослед – рече холивудскиот актер на добивањето на златната статуетка
Пишува: Зорица Марковиќ, новинарка од Белград за „Велике приче“
Без скокање и плачење, без претерувања како што тоа главно го прават добитниците на „Оскар“, актерот Роберт Дауни Џуниор излезе на сцената кога беше изговорено неговото име, ја презеде статуетката тешка 3.8 кг и рече:
– Им се заблагодарувам на моето грозно детство и на Академијата, по тој редослед.
Се слушна пригушено смеење. Дали тоа навистина беше шега? Дауни не одаваше ниту дека е, ниту дека не е. Можеби тоа беше одговор на мачење и непријатност што истата вечер му ја приреди Џими Кимел, исмевајќи ги неговата зависност, кариера и живот, па му беше непријатно. Дали Дауни самоиронично си поигра со своето резиме?

Роберт Дауни Џуниор во сцена од „Опенхајмер“ (фото: Мелинда Су Гордон)
Роберт Дауни Џуниор е познат и како извонреден комичар (сетете се само на Tropic Thunder). Неговиот пријател Шон Пен рече дека го засмејувал и додека го посетувал Дауни во озлогласен затвор во кој бил сместен поради поседување дрога. Изгледал како лудо да се забавува, иако подоцна признал дека тоа му било најлошото искуство што го некогаш го доживеал.
Оваа Дауниева алузија на страшно детство, на крајот на краиштата и не е невистинита. Не беше неточно ни тоа што го рече на доделувањето на „Оскарите“, кога им се заблагодари на стилистите, публицистите и адвокатот, шегувајќи се дека токму тој повеќе од 40 години од нивната соработка ги прошол „обидувајќи се да ме обезбеди и да ме вади од затвори“.
Во секоја негова биографија стои податок дека била затворан, дека на шест години пробал марихуана, а наскоро и кокаин и дека во тој свет го вовел неговиот татко лично. Многу години подоцна и неговиот татко Роберт Дауни Сениор признал дека тоа од денешна перспектива изгледа како страшно глупа грешка. Кога ја барал неговата прошка, Роберт Дауни Џуниор му рекол: „Тато, никого не обвинувам. Јас не сум жртва.“
Дали е тоа вистински начин на кој човек се соочува со минатото, со болката, самодеструктивноста, со вината и лошото родилство? Дали е тоа пат од дното до врвот, поучна приказна што би можела да се прераскажаува на групни психотерапии?
Последните речии 20 години, Роберт Дауни Џуниор е трезен и чист. Во тој распон од 40-ина години (сега има 58), проживеа неколку животи, и на филм и надвор од него.
Роберт Дауни Џуниор е роден за насловна страна. Како и да ја свртите работата, привлекуваше и неволја и успех, и дилери и жени, тоа што сакаат и читателите и авторите од Page Six. Добар, а проблематичен дечко на Холивуд – како е тоа чисто клише, колку повеќе проблеми правел, толку повеќе таленти добивал од Бога: не постои улога што ја одиграл лошо, жанр во кој не се опробал успешно, филмаџија кого не го онемил со својот шарм – првата главна улога (заводник) ја добил само што влетал во канцеларијата на режисерот (филмот “The Pick-up Artist” 1987).
– Кога ќе погледнам назад, добро е што и еден филм завршен, вели тој, илустрирајќи ја состојбата во која бил.
Ова е приказна не само за еден дечко што станува суперхерој, вистински, но и приказна за психологијата на лошото детство, лошите родители, пеколот на зависноста. Обично тоа би било сценарио во кое таа предодреденсот за брза и славна смрт и по некој „Оскар“, но како што испадна и не мора да биде самоисполнувачко пророштво.
Таа типична приказна за детството што почнува со таткото зависник, независен режисер и писател (и мајка му Елса Форд, алкохоличарка), подразбира и дека Роберт Џуниор многу рано го покажал талентот за глума: на пет години глумел куче во филмот на татко му “Pound” во 1970. Тоа бил пат кон големото платно и соништата што ги делел со родителите. Ама, како што тоа се случува во несреќните семејства, Дауни Сениор, години подоцна, му дал да проба марихуана, а наскоро и кокаин. Тоа биле 1970-тите, дрогата била насекаде. „Опкружен со дрогата… тоа е типот на куќа во која пораснал, вели негов пријател.

„Тропска бура“
И самиот констатирал дека тоа му било начин да се поврзе со татко му, со кого се преселил во ЛА по разводот на неговите родители во 1978 година. Тогаш веќе немало кочници во неговиот живот.
Можеби тој став „јас не сум жртва“ го доведе и до среќен крај, со златна статуетка во рацете. Но, во еден момент не делувал дека ќе има какви било статуетки или какви било кариери, филм, што било. Бил толку под влијание, што главно не ни знаел каде се наоѓа.
Дното, како што и сам зборувал, го доживеал со апсењата. Кога во 1996 година бил уапсен поради поседување хероин, кокаин и „357 магнум“ (во извештајот стои дека дрогата била насекаде околу него додека возел), добил три години условно и задолжително редовно тестирање за дрога. Година дена подоцна прескокнал тестирање и поминал скоро четири месеци во затворот во Лос Анџелес. Кога го прескокнал вториот тест за дрога, бил препратен на отслужување затвор три години во 1999 година. Отслужил 15 месеци во озлогласениот и официјално најпроблематичен државен затвор, во Коркоран (каде казна служел Чарлс Менсон и Хуан Корона, мескички сериски убиец).
„Како да имам сачмарка во устата, држам прст на чкрапалото и ми се допаѓа вкусот на тој метал“, ,му изјавил на студијата во 1999 година, објаснувајќи поради што не може да се отргне од зависноста.

Less Than Zero
Дали и на своите ликови им вдахнал дел од својот живот? Па, улогата со која поточно сврте внимание на себе, ликот на наркоманот во филмот Less Than Zero од 1987 година, тоа е токму тој. „Колку од својот личен живот му вдахна на тој лик? Веројатно многу“, рече негов пријател сценарист. „Како и кај многу актери, кај Роберт не постои голема бариера меѓу неговата потсвест и неговите емоции“.
Четири месеци по пуштањето на слобода, уапсен е на Денот на благодарноста поради поседувањето кокаин и валиум и за возење под дејство на дрога. Обвинувањето за валиумот на крај стана прекршок, а тој не се спротивставувал и на другите обвинувања, па избегнал подолг престој во затвор. Било тоа време кога се борел за опстанок, и приватно и професионално.
Најлошо било кога е уапсен во 2000 година кога полицијата го пронашла како лута по улиците на Лос Анџелес. Тогаш веќе многу ги загрижил своите пријатели.
Две недели подоцна бил во прифатниот центар во Дилејн, „каде се одлучува каде ќе продолжиш“.
– Тоа е веројатно најопасното место во кое сум бил. Мислам дека за некои луѓе постои точка без враќање назад, понекогаш луѓето одат така далеку што не можат да се вратат. Во случајот на Роберт, мислам дека овој тип чувствува омраза кон себе за многу работи што ги направил“, го опишал некогаш новинарот Пипла Мајкл Флиман.
Многумина би кажале дека добил повеќе прилики, но и дека ги прокоцкал зашто не останал „чист“ и трезен. На самиот почеток, откако во 1982 година го напуштил средното училиште во Санта Моника, ја запознал Сара Џесика Паркер и започнал романса со неа. Подоцна таа ќе се присети колку го сакала и се обидувала да излезе на крај со неговите демони. Тие седум години што ги поминале заедно,од 1984 до 1991 година, ги памти и по добро и по страшно.
– Се чувствував како родител на 22 години. Луѓето околу него ме презираа, му давав стабилност и се обидував да создадам баланс што му овозможуваше да се појави на време, изјави за „Њујоркер“ многу години подоцна.
А тој?
– Ми овозможи дом и разбирање. Се обиде да ми помогне.
Додуша, не му помогнало ни што своевремено бил член на Brat Pack, екипа млади и екстраталентирани глумци што заедно се појавувале во популарни филмови во 80-тите. Како играле заедно и ги освојувале платната ширум светот, така се собирале и околу баровите во Холивуд, посебно Hard Rock kафе. Овде главни бил Дауни Џуниор. Повеќето од нив ги знаел уште од средното школо. Шон Пен, Роб Лоу и Емилио Естевез му станале другари.
– Навистина се издвојуваше поради спектарот на талент, длабочина и ранливост што ја поседуваше, рече Хауард Фајн, учител по глума. Поради таа страст ја доби и улогата да го игра Чарли Чаплин во 1992 година и ја доби номинацијата за „Оскар“. Ама тоа не му помогнало. Дури и кога би добил награда за улога, како за „Али Мекбил“, кога доби „Златен глобус“ за споредна улога, не можел да се оттргне од пороците. Поради проблемите со законот, за неговата улога е преправено сценариото и повторно снимена епизода од „Али Мекбил“, екстремно популарна серија кон крајот на 90-тите. Бил исфрлен од серијата поради апсење.
Толку многу пријатели, а никој не можел да го запре.
– Овој последен пат го уапсија во уличка, само си реков дека ова не е преправање. Ова не е шега. Ова не е момче што вриска да добие внимание. Ова е човек што не може себеси да си помогне“, изјави во 2000-та актерот Мајкл Чиклис.
Во тој момент изгледал како да му нема помош. Имало и такви ситуации, како во 1996 година, кога колегите Денис Квејд и Шон Пен го одвеле на одвикнување, од каде побегнал по само неколку дена.
Џоди Фостер, со кого соработувал на нејзиниот филм Home for the Holidays (1995), била очајна поради неговата зависност и љубов кон хероинот, па му напишала писмо во кое му посочила дека е загрижена за неговата иднина. Тој само се насмеал на тоа. Му се смеел и на Шон Пен додека го посетувал во затвор. Дауни никогаш и никаде не ја губел смислата за хумор, но поради тоа, како што вели Пен, било многу тешко да го „прочитате“.
Се развел, ја изгубил првата сопруга Дебора и старателството над синот Инди. Меѓутоа, барал помош, иако не гласно.
– Последните неколку години прошол низ врати на рехабилитациони програми и бил апсен. Толку е тажно што се уништува така бистра личност, неговиот живот, семејниот живот, животот на неговото дете, зашто тој навистина сака да се чувствува подобро, вели д-р Маних Микахтар, кому Дауни ù пишувал од затвор, барајќи помош. – Тој не е криминалец. Тој е жртва на дрога.
Роберт посакал да се обиде со нејзиниот контраверзен начин на одвикнување од дрога во 12 чекора.
-Никој не користи дрога поради дрога, објаснувала таа.
Дали е тоа самодеструктивната врска со неговиот татко?
И како што и Пен зборувал, Роберт преостро и сурово е казнуван за своите „злодела“. Посебно затоа што заминувањата во разни затворски уставно биле поголема опасност. Во поткастот Armchair Expert на Дакс Шепард му објаснил како изгледало кога бил затворен (на одвикнување):
– Ве испратиле на некоја делечна планета каде нема враќање дома додека планетите не се израмнат. Можеше да се почувствува злото во воздухот, а тоа воопшто не било проблем, зашто беше како да сте во навистина лош комшилук. Таму немаше прилики. Таму имаше само закани. Се сеќавам дека во еден момент излегов, кога излетав од келијата, да се истуширам и долниот веш ми беше наопаку. Се сеќавам дека предизвикав голем потсмев од моите колеги затвореници.“
Системот, меѓутоа, не лечи, ниту санира. Секогаш одново се враќал на пороците. Кога го отпишал Холивуд, му се нашол Мел Гибсон, со кого се спријателил од времето на Air America од 1990 година.
– Кога не можев да се отрезнам, Мел ми зборуваше да не губам надеж и ме поттикнуваше да ја најдам својата вера… се’ додека е вкоренета во прошката – вели Роберт.
Гибсон му ја дал улогата напишана за него во филмот The Singing Detective од 2003 година.

– Тој ми го задржа покривот над глава… и храната на трпезата.
Му требале многу години за да се пронајде.
– Сакам да и’ се заблагодарам на мојата ветеринарка, мислам сопруга, Сузан Дауни. Таа ме пронајде – агресивно спасено милениче и сакајќи ме ме врати во живот. Затоа сум овде. Ти благодарам, рече во другиот дел од говорот на доделувањето на „Оскарите.“
Таа средба со продуцентката Сузан во 2003 година за време на снимањето на филмот „Готика“ со Хали Бери, значеше навистина и пресврт во неговиот приватен живот, но и професионален. Тоа е доказ дека љубовта и упорната поддршка се позначајни од сите катанци на овој свет.
– Еве ја мојата мала тајна: оваа работа ми беше потребна повеќе отколку јас на неа. Крис (Кристофер Нолан) знаеше, Ема (продуцентката) се потруди, ме опкружи со една од најдобрите актерски екипи на сите времиња. Емили, Килијан, Мет Дејмон. Беше фантастично и стојам овде како подобар човек поради тоа. Знаете, тоа што го работиме има смисла и работите што одлучуваме да ги создаваме се важни, рече за филмот „Опенхајмер“ на доделувањето на „Оскарите“.
Во документарецот на „Нетфликс“, не сакаше многу да ја анализира приказната за влијанието на татко му во неговиот живот, иако вели дека не би било фер да го пропушти тоа. Вели дека му требале уште 20 години да ги собере своите „срања“ од моментот кога си дошол на себе.
Зборувајќи за тоа колку му помогнал Мел Гибсон, ја откри филозофијата што тој колега му ја пренел и буквално спасил животот:
– Рече дека ако ја прифатам одговорноста за моите грешки и ако ја гушнам онаа страна на мојата душа што е грозна – тоа е како да прегрнувам кактус, како што рече – ако гушкам кактус доволно долго, би станал понизен човек и мојот живот би добил нова смисла.“

Не морате да живеете во траумите, не морате да живеете во горчина и злоба кон родителите (бар не во некои случаи), можете да си опростите себеси и да продолжите понатаму.
Додуша, долг бил патот до порамнувањето на планетата и средбата со сопругата до говорот пред Академијата. Баш како и Ајронмен – улога што и по малку и ја критикуваше, а сепак, тврдеше дека му била најдобра, само останала незабележана поради жанрот.
Ама, баш како секој чекор на патот до пеколот да го водел Роберт Дауни Џуниор до моментот ноќта меѓу 10 и 11 март, кога стана еден од бесмртните.





