Три долгометражни играни филма се снимаат периодов во земјава. Еден од нив е играниот филм „Договор“, во продукција на „Арнел продакшн“, во режија на Сенад Абдули. Фотографијата ја потпишува Филип Јорданов, а во главните улоги се појавуваат Шеќерије Илази, Елмир Сејфулаи и Лек Фазлија.
Филмот претставува современа драма што го истражува човечкото достоинство и комплексноста на донесување одлуки во социјално предизвикувачки услови.





